Кошаркарите на Партизан одиграа неверојатен натпревар во 21-то коло во Евролигата победувајќи го Макаби Тел Авив со 88:79 иако во првото полувреме губеше и со 24 поени разлика.
Црно-белите очајно го започнаа натпреварот, по пет ипол минути игра губеа со неверојатни 0:16. Шутот одлично ги служеше играчите на Макаби кои во 13-та минута водеа и со неверојатни 15:39.
PARTIZAN JE PORODICA.#KKPartizan #EuroLeague #EveryGameMatters @EuroLeague pic.twitter.com/M0yzd1AX8o
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) January 12, 2024
Но, Црно-белите не се предадоа и носени од навивачите во „Штарк арена“ и на пауза заминаа со минус 16 (36:52), а во третата четвртина и целосно ја анулираа негативата. Првото израмнување беше во 27-та минута (60:60), а првото водство по тројката на Зек Ледеј во 29-та минута (66:64).
Во последната четвртина, Партизан со серија од 6:0 дојде до 75:69 и потоа водството не го испушти до крај. На крајот славеше со 88:79.
Доужер со 23 поени и Нанели со 20 поени беа најдобри кај Партизан, додека Болдвин со 19 поени ја предводеше листата на стрелци кај Макаби Тел Авив.
Домаќините беа сигурни и на уште три меча. Анадолу Ефес со 99:75 го декласира Виртус Болоња, Барселона го победи Жалгирис со 91:73, а Басконија го совлада Олимпијакос со 80:69.