Кошаркарите на Партизан без многу проблеми славеа над Будуќност со 90:75 во четвртиот меч од финалната серија на АБА-лигата. За Партизан ова беше трета победа, што значи дека Црно-белите по завршување на мечот, започнаа големо шампионско славење за освоената титула во регионалното натпреварување.
Во првата четвртина двата тима се менуваа во водство, а по 10 минути бише нерешено 26:26. Партизан на полувреме замина со предност од 48:44, а фуриозен беше почетокот на третата четвртина за домаќините. Партизан поведе со 57:44, а потоа речиси до крајот на мечот ја чуваа двоцифрената предност.
Crno-beli grad!⚫️⚪️ pic.twitter.com/JzmH6pHEZI
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) June 12, 2025
За Партизан ова беше осма титула во АБА-лигата и сега е најдобар на врвот во ова натпреварување. Црвена ѕвезда остана на седум титули.