Партизан е тим кој создава најмногу шанси за гол во Европа!

Фудбалската опсерваторија ЦИЕС објави истражување според кое, белградскиот Партизан е тим кој создава најмногу чисти шанси за гол во европските национални лиги, а противниците му прават малку шанси. На истата оваа листа, Црвена ѕвезда е петта.

Белградските ривали се на првите две позиции во српската лига, доминираат сезонава, а статистиката покажала дека Партизан е тим кој има најдобар однос на креирани прилики и допуштени шанси пред својот гол.

Во моментов, Партизан има однос 5.00. Во просек, во досегашните 11 кола во српската Суперлига, Црно-белите прават 8,2 изгледни шанси по меч, а пред својот гол дозволува 1,6 големи шанси на меч.

Зад Партизан се Ајакс, Салцбург, Бенфика, Црвена ѕвезда. На листата има 680 клубови. Од топ 5 лигите, најдобар е Манчестер сити со однос 3,28, Баерн има 2,96, ПСЖ 2,41, Евертон е изненадувачки високо со 2,33, итн.

- Оглас -

Најнови вести