Денешниот квартет натпревари од кошаркарската Евролига почнува во 19 часот со дуел на Монако и Партизан.
Овој меч е интересен од повеќе причини, а главната е што првпат еден против друг ќе се судрат некогашнот ученик и учител, Василис Спанулис и Жељко Обрадовиќ, кои 15 години не разговараат меѓу себе откако Гркот направи предавнички трансфер од Панатинаикос во Олимпијакос.
Монако има три победи по ред, а и Партизан е во форма, има четири победи на последните пет меча во Евролигата.
Интересно треба да биде и во Барселона, каде што гостува лидерот Олимпијакос. Според квотите во Sport Life, благ фаворит е грчкиот тим, а на мечот во Монако, предност му се дава на домашниот тим.
Огромен е бројот на игри на кои може да се обложите за евролигашките пресметки. Тука се и тимските игри, да погодите кој тим колку тројки ќе погоди, колку скокови ќе има, колку асистенции, колку лични грешки, а, секако, може да одиграте и на играчи за број на поени, скокови, асистенции и погодени тројки.
За сите опции се бројат и поените, скоковите, тројките и асистенциите кои би биле остварени во евентуално продолжение.