1310 Хетафе – Кадис (21.00 часот)
Во последниот натпревар од 12-тото коло во Ла Лига играат два тима кои долго време се без победа, Хетафе шест меча е без триумф, додека Кадис еден повеќе. Хетафе на последните пет меча во Ла Лига одигра нерешено и е фаворит да ја прекине серијата без триумф. Кадис досега одигра пет меча на гости во Ла Лига и има четири порази и едно реми. Последните три меѓусебни меча завршија без победник (0:0,2:2,1:1).
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.79)
3009 Фрозиноне – Емполи (18.30 часот)
Фрозиноне загуби на последните два меча во Серија А и има шанса пред своите гледачи да ја прекине оваа серија. Домаќинот игра офанзивен и отворен фудбал и по 10 кола има гол-разлика 15:17, додека Емполи е претпоследен на табелата со две победи и гол-разлика 3:19. На нивните меѓусебни дуели редовно има најмалку по два гола.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)
2608 Гетеборг – АИК (19.10 часот)
Ова е еден од најголемите дерби-дуели во шведскиот шампионат, но и на двата поранешни шампиони не им цветаат розите сезонава. Гетеборг е 13-ти на табелата со 30 освоени бода во 28 кола, додека АИК е една позиција погоре со два бода повеќе. Бидејќи влогот е опстанок во првата шведска лига, за очекување е и двата тима да играат отворено и офанзивно, што е најава за ефикасен натпревар.
Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (2.55)
3135 Нови Пазар – Партизан (15.00 часот)
Партизан игра во неверојатна форма и по ремито со ТСЦ во првото коло во српската Суперлига нанижа дури 11 победи и денеска е голем фаворит да дојде до 12-тиот триумф во низа. Солиден старт на сезоната има и Нови Пазар, кој има пет победи досега, а во последните три кола има два триумфа и едно реми. Црно-белите освен одличната форма во којашто се наоѓаат, ќе имаат и дополнителен мотив за денешниот дуел, да се реваншираат за поразот од 1:0 минатата година.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.16)
1649 Јонг Ајакс – Вилем II (20.00 часот)
Натпреварите од втората холандска лига се синоним за голови и нема причина зошто да не биде така и вечерва, во дуелот меѓу вториот тим на Ајакс и Вилем II. Вилем одлично ја започна сезоната и се наоѓа на второто место на табелата, додека вториот тим на Ајакс е последен само со шест освоени бода во 12 кола. Но, младите фудбалери на Ајакс ја имаат најлошата одбрана во целата лига, додека аспирантот за пласман во Ередивизијата не смее да си дозволи вечерва да не игра офанзивно.
Предлог тип: ГГ 4+ (2.04)