Партизан го обезбеди првото место во АБА лигата и во цел плејоф ќе има „гробарска предност“

Партизан го освои првото место по регуларниот дел од сезоната во АБА лигата, што значи дека ако некој сака да биде првак, ќе мора да слави на гости против Црно-белите.

Вечерва Партизан славеше во Подгорица против Будуќност со 83-82 во голема драма. Партизан имаше четири поени разлика, а прими тројка под фаул на три секунди до крајот, по што домашните изедначија со дополнителното слободно фрлање. Гостите изведоа топка од страна, а судиите свирнаа фаул над Пантер ко го утна првото, а го погоди второто слободно и им донесе радост на Црно-белите.

Во четвртфиналето, Партизан ќе игра со Студентски центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести