Партизан го „растури“ Будуќност и дојде на една победа од трофејот во АБА-лигата

Кошаркарите на Партизан се само на една победа до освојување на трофејот од Јадранската АБА-лигата откако во третиот меч од финалната серија славеа над Будуќност Подгорица на домашен терен со убедливи 83-67.

На првите два меча во главниот град на Црна Гора, двете екипи победија по еднаш, па белградските „црно-бели“ може да го кренат трофејот веќе во четврток, и тоа пред својата публика, кога се игра четвртиот меч од финалната серија.

Што се однесува до овој натпревар, Партизан уште од почетокот покажа дека не прифаќа ништо друго освен победа, па предноста над ривалот постојано растеше во првото полувреме. На стартот од вториот дел, Будуќност успеа да се врати резултатски, но само да го намали водството на домашните, а во последниот период Партизан повторно доминираше и заслужено победи. Гостите од Црна Гора во последната четвртина постигнаа само осум поени, што е премалку за екипа која игра во финалето од АБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести