Партизан губеше со 2:0, имаше играч помалку, а на крајот може да жали што не победи

Словачко – Партизан и Вилјареал – Лех беа двете највозбудливи средби кои се одиграа во Конференциската лига од 18:45 часот. На гостувањето кај Словачко, Партизан започна лошо и по само 20 минути игра губеше со 2:0. Работите да бидат полоши за Црно-белите се погрижи Белиќ кој доби црвен картон во 22 минута, па дури 70 минути гостите беа со фудбалер помалку.

И покрај негативата од два гола и играч помалку, Партизан не се предаде и со фуриозна игра на стартот од второто полувреме направи пресврт. Диабате погоди во 47 и 53 минута за 2:2, а Гомез направи целосен пресверт во 62 минута и Партизан водеше со 3:2.

Словачко на крајот сепак се спаси од пораз благодарение на голот на Козак во 83 минута.

Вилјареал мораше да даде четири гола против Лех за да победи и на крајот резултатот беше 4:3. Гостите први погодија, а до крајот на првиот дел, Жолтата подморница даде три гола за предност од 3:1. Лех стигна до 3:3 во 61 минута, но тоа не беше крајот на возбудувањата. Вилјареал даде четврти погодок во 89 минута и на крајот домаќините се радуваа.

Во останатите одиграни мечеви: Андерлехт – Силкеборг 1:0, Австрија Виена – Хапоел Бер Шева 0:0, Балкани – Клуж 1:1, Фиорентина – РФС 1:1, Хартс – Басакшехир 0:4.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести