Со четири натпревари кои се играат вечерва продолжува сезоната во кошаркарската Евролига, а со тоа и понудата на Sport Life станува побогата.
За вечерашните мечеви, може да се обложите и на број на поени, скокови и асистенции на понудените играчи кои ги има во голем број.
Најинтересно треба да биде во Белград, каде што се среќаваат Партизан и Анадолу Ефес, два тима кои се борат за место во разигрувањето, а во моментов се надвор од плејоф-рамките на табелата. Тој што ќе победи, ќе си ги зголеми шансите за пласман барем меѓу првите десет, од седмо до десетто место носи осминафинале.
Партизан има една победа повеќе од Ефес, но ги загуби претходните три меча во Евролигата, додека Пиварите имаат нов тренер и серија од две победи во Евролигата. Во првиот нивен дуел сезонава во Истанбул, Ефес победи со 100-94.
Првите шест одат директно во четвртфинале, а Реал Мадрид вечерва со победа над Панатинаикос може да си осигури плејоф. Кралевите сезонава немаат пораз на свој терен, а дури и да загубат од ПАО, кој е трети на табелата, утре би можело да обезбедат плејоф, ако им се поклопат некои резултати.