Шест натпревари ја сочинуваат вечерашната евролигашка понуда, а за македонската јавност најинтересни се дуелите на коишто играат белградските Партизан и Црвена ѕвезда, како и Армани Милано, во чии редови е Македонецот Ненад Димитријевиќ.
Ослабениот Партизан (повредени се бековите Лундберг, Маринковиќ и Нтиликина) има тешко гостување кај Ефес, а Ѕвезда има релативно „лесен“ меч против Макаби Тел Авив, кој има четири порази по ред. Милано игра дома со Баерн, а интересно треба да биде и на другиот меч во Италија, на кој Барса гостува во Болоња. Квотите во Sport Life велат дека сигурни кецови треба да се дуелите во Каунас и Пиреја.
Sport Life ви нуди пребогата лепеза на игри на Евролигата. Може да погодувате број на поени, скокови и асистенции на голем број кошаркари, како и број на скокови, лични грешки или погодени тројки на секој од тимовите.