23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Партизан има доверба во тренерот Жељко Обрадовиќ

Кошаркарскиот клуб Партизан му изрази поддршка на својот тренер Жељко Обрадовиќ и со тоа се прекинуваат шпекулациите за можна разделба на најтрофејниот европски тренер со Црно-белите.

Партизан е во лоша серија резултати во Евролигата, па почнаа и сомнежи околу иднината на тренерот кој го смени целиот тим од минатата сезона и доведе некои играчи кои не ги даваат очекуваните резултати.

Сепак, во Партизан немаат дилеми, популарниот Жоц останува на клупата. Вечерва клубот објави фотографија на која Обрадовиќ ги поздравува фановите кои држат транспаренти на кои пишува: „Жељко Обрадовиќ, еден од нас!“.

- Оглас -

Најнови вести