Партизан именуваше нов тренер на стартот на 2025 година

Нов тренер на српскиот фудбалски клуб Партизан е Срѓан Благојевиќ. Тој од денес официјално го презема тимот. Договорот со 51-годишниот стручњак е потпишан до крајот на тековната сезона, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Благојевиќ истакна дека е почестен што ја добил можноста да го води Партизан, нагласувајќи дека, без разлика на околностите, немал никакви дилеми кога го добил повикот. Неговa амбиција е да го стабилизира тимот и да ја подобри играта преку напорна работа и посветеност, a е свесен за тежината на задачата и очекувањата на навивачите и јавноста.


Тој верува дека со заеднички напори со ракоодството можат да го вратат Партизан на местото што му припаѓа.

Членот на привремената работна група во Партизан, Предраг Мијатовиќ, истакна дека именувањето на Благојевиќ е почеток на ново поглавје за клубот.

- Оглас -

Најнови вести