12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Партизан ја носи Евролигата во Виена, Црно-белите таму ќе го пречекаат Олимпијакос

Кошаркарските клубови Партизан и Црвена звезда ќе мора да бараат нови сали за играње евролигашки мечеви во текот на јануари бидејќи тогаш „Штарк aрената“ во Белград ќе биде зафатена поради Европското првенство во ватерполо. 

Од Партизан денеска потврдија дека постигнале договор натпреварот закажан за 14 јануари против Олимпијакос да се игра во главниот град на Австрија, Виена.

„На денешниот состанок со г-динот Питер Хакер, градски секретар за социјални работи, јавно здравје и спорт на градот Виена, беше потврдено дека КК Партизан практично ќе ја донесе Евролигата во главниот град на Австрија “, се вели во соопштението на претседателот на црно-белите, Остоја Мијаиловиќ. 

„Натпреварот Партизан – Олимпијакос ќе се игра на 14 јануари во Виена, со голема поддршка од локалните власти! Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со нашите луѓе од Австрија и околните земји, со нетрпение очекуваме заедно да ја дочекаме православната Нова Година и сигурни сме дека Виена ќе биде вистинскиот домашен терен за нашиот тим“, додава претседателот на Црно-белите. 

- Оглас -

Најнови вести