Кошаркарскиот клуб Партизан од Белград објави дека на денешниот итен состанок на Извршниот одбор на клубот, по вчерашната неотповиклива оставка на тренерот на првиот тим, Жељко Обрадовиќ, на предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, едногласно одлучи да не се согласи со оставката на Обрадовиќ и му даде безрезервна поддршка, со желба да остане прв тренер на КК Партизан.
Клубот му дава поддршка на тренерот да ги преземе потребните чекори што би донеле до подобрување на резултатите на Црно-белите. По оваа одлука, Клубот се обрати до Жељко Обрадовиќ и го замоли повторно да ја разгледа својата оставка, да се откаже од неа и да продолжи со својата работа.
Сега се чека одговорот од човекот кој девет пати бил европски првак.
Интересно е дека во 2017 година, Обрадовиќ даде оставка и од местото тренер на Фенербахче, но таа беше одбиена, Жељко остана и таа година ја освои Евролигата.

