Партизан ја окупира Европа со таленти

Партизан го презеде приматот за најдобра младинска Академија во Европа од Ајакс и е на првото место според познатата фудбалска опсерваторија ЦИЕС.

Според податоците што се објавени, Партизан има продадено најмногу играчи, 75 дури во 31 европска лига. Втор сега е долго време неприкосновениот Ајакс со 72-ца играчи, кои произлегле од познатата Академија од Амстердам, а играат во различни европски клубови.

Балканот доминира со таленти, па Динамо Загреб е на петтата позиција, осма е Црвена ѕвезда, зад неа е Војводина од Нови Сад, а Хајдук е 17-ти.

 

- Оглас -

Најнови вести