Партизан ја зацементира Црвена ѕвезда на четврто место во АБА лигата

Партизан ја победи Црвена ѕвезда со 85-77 во кошаркарското белградско мега дерби од регионалната АБА лига.

Ова значи дека Партизан останува втор и има теоретска шанса да заврши и како првопласиран, а Ѕвезда дефинитивно во плејофот влегува како четврта и ќе има потежок пат до евентуалното финале.

Стерлинг Браун со 24 поени беше играч на мечот во белградската Арена каде се собраа речиси 17.000 фанови.

- Оглас -

Најнови вести