Пред две недели Партизан несреќно загуби од Манчестер јунајтед во Белград, и тоа минимално со 1:0 благодарение на голот од пенал на Антони Марсијал. Српскиот тим вечерва има шанси за поправен, и тоа на еден од најлегендарните стадиони во светот, „Олд Трафорд“. Партизан ќе има посебен мотив да одигра квалитетно на „Театарот на соништата“ и ако може да го изненади фаворитот.
Најавите се дека Партизан ќе игра во најсилен состав и дека тоа нема да биде дефанзивна тактика, иако формацијата ќе биде 4-2-3-1.
„Секој има свои желби, па и ние сме со свои пред мечот на ’Олд Трафорд’. Се надевам дека нашите желби ќе ги оствариме на теренот“, вели тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ.
Мотив за победа ќе има и Манчестер бидејќи со три бода Црвените ѓаволи ќе обезбедат место во нокаут-фазата од второто по ранг натпреварување во Европа. Домаќините се фаворити и покрај тоа што тренерот Оле Гунар Солскјер има проблеми со повредените играчи.