Партизан ќе победи во меч барем со два гола во првото полувреме

Хакен – АЗ Алкмар (18.30 часот)

Овие два тима реваншот во Гетеборг го почнуваат со подеднакви шанси откако првиот меч во Холандија заврши со 0-0. Иако не победи на свој терен, АЗ Алкмар има доволно искуство и квалитет да се извади на гостински терен. Сега нема што да се калкулира, головите се загарантирани. И Хакен и АЗ Алкмар мора да дадат гол ако сакаат да одат понатаму.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Х2 & 2-4 (2.25)

 

Брондби – Лехија Гдањск (19.30 часот)

Полјаците го добија првиот меч со 2-1, па сега на Данците доволна им е победа и од 1-0 за да се најдат во следното коло. Брондби е опасен домаќин, на свој терен има низа од пет победи по ред. Од друга страна, Лехија има само една победа на последните четири средби како гостин. Можеби повторно како и на првиот меч, двата тима ќе дадат гол и домашните нема да загубат.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1Х & ГГ (2.20)

 

Партизан – Конас Ки (21.00 часот)

Белградските „црно-бели“ славеа со 1-0 на првиот меч и вечерва дома треба само да го потврдат пласманот во следната фаза. Велшаните се храбри, но Партизан може рано да им ги уништи надежите со некој гол во првото полувреме, а потоа да има помирна и рутинска завршница. Теренот на стадионот во Белград има нова трева, а Србите се технички посупериорни од гостинот. Пред неколку години, Партизан даде осум гола против велшки тим.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1 & 2+ пол. (2.10)

 

Лудогорец – Валур (19.30 часот)

Валур има за што да жали, требаше да победи на Исланд, но прими гол во судиското продолжение и сега Лудогорец има позитивни 1-1 пред реваншот. Бугарите добија 15 од последните 18 меча како домаќини. Валур на гостувањата е без победа на четири од последните пет меча, а на пет од последните седум гостувања примаше барем два гола.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.98)

 

Малме – Домжале (19.00 часот)

Предноста е на страна на Малме бидејќи има 2-2 од гостувањето во Словенија. Малме е одличен на домашен терен, има само два порази на последните 24 меча пред својата публика. На 12 од последните 16 дуели, Малме постигнува два или повеќе гола. Домжале ретко победува на гости и сега е во многу незгодна ситуација.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.22)

- Оглас -

Најнови вести