Преполната белграска Арена ќе биде местото на кое се игра најинтересниот денешен меч во кошаркарската Евролига, Партизан е домаќин на Барселона.
Српскиот тим цели 15 години не знае за победа над Барса, Каталонците имаат серија од 11 победи по ред против Партизан. Но, традицијата може да биде урната, квотите во Sport Life велат дека благи фаворити се домашните.
Деби во дресот на Партизан треба да има Гркот Ник Калатес кој две години играше за Барса, во Партизан е и Џабари Паркер, кој летоска дојде од Барселона во Белград. Од друга страна, во редовите на Барселона се Јан Весели и Кевин Пантер, две некогашни ѕвезди на Партизан кои уште се популарни меѓу Гробарите.
Ќе биде интересно и на мечевите на грчките гиганти, Панатинаикос има тешко гостување кај Монако, додека Олимпијакое игра дома со лидерот Хапоел, кој има само еден пораз сезонава.

Во Sport Life може да се обложите на број на поени, скокови и асистенции на голем број играчи, а тука се и игрите во кои може да погодувате колку асистенции, скокови, тројки и фаули ќе имаат тимовите.


 
                                    