27.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Партизан ќе продолжи да победува во Србија, Лидс со стил сака да го најави враќањето во Премиер лига

1010 Лидс – Евертон (21 ч.)

Лидс освои дури 100 поени во минатата сезона во Чемпионшип и се врати во Премиер лигата. Евертон минатата сезона беше експерт за нерешени и имаше дури 15 ремија.

Во последните пет години овие две екипи играле шестпати, а билансот е три победи за Евертон, еден триумф на Лидс и едно реми. Лидс сигурно ќе сака првенството да го почне со добар резултат пред своите навивачи и нема да дозволи да загуби.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.80)

 

1309 Елче – Бетис (21 ч.)

Елче е повратник во Примера дивисион, а Бетис е тим кој секогаш има високи амбиции. Бетис има четири победи во последните шест меча со Елче и најчесто тоа биле мечеви со повеќе голови.

Бетис и сега е во улога на фаворит, но ако се гледаат мечевите и во подготвителниот период, може да се очекува дуел со погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.19)

 

3137 Партизан – ИМТ Нови Београд (19 ч.)

Партизан имаше неуспешна европска авантура и Црно-белите веќе се елиминирани, па целиот фокус може да го насочат на домашното првенство. Партизан има три победи во три меча и тоа дополнително ја подигнува самодовербата дека победничкиот ритам може да продолжи.

ИМТ има несигурен дефанзивен ред и прими девет гола во четири меча, па веројатно нема да може да се одбрани на ова тешко гостување.

Предлог тип: 1-1 (2.25)

 

1959 Касимпаша – Трабзонспор (20:30 ч.)

Касимпаша е екипа позната по тоа дека игра отворено, без многу калкулации и затоа има многу погодоци на мечевите. Тоа се потврдува и со меѓусебните дуели против Трабзон затоа што на последните четири меча, двата тима постигнуваат гол, а во просек има над три погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.86)

 

2806 Оденсе – Архус (19 ч.)

На шест од последните девет дуели на овие два тима немало повеќе од два погодоци, што е малку невообичаено за дуели од првенството на Данска. Во овој период и билансот е израмнет, па двете екипи имаат по две победи, а пет средби завршиле без нерешено.

Оденсе на свој терен игра добро и тоа е нивен важен адут.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести