Партизан води со 48:32 на полувреме против МЗТ Скопје Аеродром во „Јане Санданснки“, во меч од второто коло на АБА лигата. Партизан почна фуриозно и по само две минути игра поведе со 9:0. МЗТ се мачеше во нападот, па во првите пет минути постигна само една тројка, а резултатот беше 11:3 за гостите.
Црно-белите во осумата минута прв пат поведоа со двоцифрена предност 17:5, а по првата четвртина гостите имаа убедливи 25:9. Играчите на МЗТ во првите 10 минути имаа очаен шут за тројка и погодија само еднаш од 10 шута (10 отсто реализација).
На стартот од втората четвртина Партизан поведе и со 33:14 и во текот на целата четвртина ја одржуваше двоцифрената предност.
Кафи со 14 поени и ојдан Стојановски со осум се најефикасни кај МЗТ, додека Ексум со 12 поени е предводник на Партизан.