Партизан – Манчестер 1-0, ама на трибините

Дуелот меѓу Партизан и Манчестер јунајтед е празник на фудбалот во Белград, но пред почетокот на средбата, се случи и еден инцидент. Еден фан на „црно-белите“ истрча на атлетската патека, се доближи до секторот со гостински навивачи и од оградата откачи едно знаме на Англичаните. Тоа е знамето кое е заокружено на фотографијата подолу.

Навивачот на Партизан си се врати на источната трибина и доби аплаузи и овации од останатите фанови на Партизан. Гостинските навивачи беа изненадени, па се исплашија дека може и други знамиња да им бидат украдени и за секој случај почнаа да ги вадат од оградата.

- Оглас -

Најнови вести