Партизан мора да победи ако сака да игра во плејофот, грчко-турска пресметка во Истанбул (Фото)

Вечерва во Евролигата ќе се одиграат пет натпревари, за сите нив има богата понуда во Sport Life со по 154 комбинации за играње.

Може да се игра на конечен резултат, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

 

Првиот натпревар е дуелот меѓу поранешните европски шампиони Анадолу Ефес и Олимпијакос, во кој и двата тима влегуваат со императив да победат. Турскиот тим по 29 кола има скор 12-19 и се наоѓа на 14-тото место на табелата, но има само една победа помалку од десеттата позиција, која ја држи Партизан и која води во разигрувањето за пласман во плејофот.
Олимпијакос пак е петти со 18 победи и 11 порази, исто колку што има големиот ривал Панатинаикос, со кого во последните четири кола ќе се бори за да обезбеди предност на домашен терен во плејофот.

Партизан по серијата несреќни порази во последните секунди од мечевите, вечерва во „Штарк арената“ мора да ја победи Басконија за да остане на десеттата позиција. Црно-белите во досегашните 29 меча во Евролигата остварија 13 победи, а дури десет беа пред своите гледачи.

Квотите се на страната на Црно-белите (1.42), кои ќе мора да играат без еден од клучните кошаркари, Зек Ледеј, кому вчера му почина татко му.
Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид, е голем фаворит во дуелот со најслабиот тим во Евролигата, Алба Берлин, како и Макаби Тел Авив, кој го пречекува претпоследниот Асвел.

Во денешната понуда има 49-мина кошаркари за играта „плус-минус“ на поени, како и 25-мина играчи за играта „плус-минус“ скокови, а тука е и понудата за 21 кошаркар за тоа колку асистенции ќе остварат.

- Оглас -

Најнови вести