Три „кеца“ се на повидок вечерва во Евролигата, барем според квотите за конечен тип во Sport Life. Жалгирис, кој има скор 4-1, ја пречекува Црвена ѕвезда, за која нема да игра искусниот Теодосиќ и тоа е хендикеп за српскиот првак.
Партизан првпат сезонава ќе игра како домаќин во салата „Александар Николиќ“ наместо во „Белградската арена“, но тоа не треба да им биде пречка да го победат непредвидливиот Монако. Ако Партизан победи, а Ѕвезда загуби, двата градски ривали ќе имаат по три победи и порази по шест кола.
Европскиот првак Панатинаикос не блеска сезонава, но чудо би било да загуби дома од Асвел, па тука дилемата е само со колкава разлика ќе триумфираат Зелените детелинки од Атина, кои се апсолутни фаворити.
Иако се играат само три меча, во Sport Life има доста богата понуда на играчи на кои може да се обложите на број на поени, скокови или асистенции.