Партизан му посака добредојде на македонскиот репрезентативец

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Димоски е нов член на Партизан. Трансферот на Домоски во Партизан се најавуваше во претходните неколку денови, а сега од ФК Партизан и официјално го потврдија.

„Добредојде,Бојан“, ова е пораката на Партизан за Македонецот.

Офанзивниот лев бек на нашата репрезентација е едно од големите засилувања за “црно-белите“. Димоски во Партизан дојде од рускиот Акрон.

Инаку според новиот клуб на Димоски, тој во наредните месеци ќе го носи дресот на Партизан како позајмен играч со можност во јуни неговиот договор и целосно да биде откупен.

- Оглас -

Најнови вести