Во спектакуларна атмосфера и повеќе од 20.000 гледачи во белградска Арена, Партизан го доби градското дерби против Црвена ѕвезда со 79:76. Ова беше дуел во рамките од 15 коло во Евролигата, а Партизан стигна до шестата победа, додека Црвена ѕвезда го претрпе петиот пораз.
Black side of white city!⚫️⚪️#KKPartizan #EuroLeague pic.twitter.com/TQFUtSsscv
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) December 12, 2025
Уште во првата четвртина Црвено-белите поведоа со 16:10 и во продолжение на мечот постојано имаа преднсот. Во третата четвртина Црвена ѕвезда водеше со виски 16 поени разлика (60:44), а на почетокот од последната четвртина, гостинскиот тим водеше и со 14 разлика (65:51).
🤯🤯🤯 pic.twitter.com/TXTgYCdld4
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) December 12, 2025
Сепак, Партизан не се предаде и следуваше неверојатно враќање. Во финишот на средбата, Партизан поведе со 73:72, па Црвена ѕвезда водеше со 76:75, но во решавачките моменти, кошаркарите на Партизан беа многу посконцентрирани и на крајот победија, со еден голем пресврт во последната четвртина.
Во останатите мечеви кои се играа вечерва во Евролигата: Дубаи – Баерн Минхен 89:88, Монако – Фенербахче 86:92, Барселона – Олимпијакос 98:85, Виртус – Хапоел Тел-Авив 74:79.

