Вечерва во кошаркарската Евролига се играат три меча, а според квотите во Sport Life, домаќинот е фаворит на еден дуел, а гостите на два.
Партизан влегува во победнички ритам, славеше на последните два дуела и секогаш кога игра пред своите гледачи во „Штарк арената“ е фаворит, па така е и вечерва во дуелот со Армани Милано. Црно-белите загубија во првиот меч пред своите гледачи од Барселона, но потоа нанижаа пет победи по ред и квотата за вечерва да дојдат до шестиот триумф на домашен терен изнесува 1.53.
Дербито на вечерта ќе се игра во Атина, каде што Панатинаикос го пречекува европскиот шампион Реал Мадрид, додека Анадолу Ефес му гостува на претпоследниот тим на табелата, Алба Берлин. На овие дуели, квотите ги фаворизираат гостите.
Понудата на Sport Life е богата и за игрите „плус-минус“. Има 33-ца кошаркари за коишто може да погодувате колку поени ќе постигнат, потоа 14-мина кошаркари за погодување на бројот на скокови, а 12-мина играчи се во понудата за играта „плус-минус“ асистенции.