Кошаркарите на Армани Милано стануваат сè поконкурентни во последните неколку месеци, по слабиот почеток на сезоната во Евролигата.
Искусниот Еторе Месина успеа да ја пронајде „формулата“ и Армани конечно игра согласно засилувањата кои ги доведе за време на летото. Станува збор за многу квалитетен тим кој иако првично не беше проектиран за борба за фајналфор, со оглед дека тимот расте од натпревар во натпревар, сега ништо не е исклучено.
Две главни фигури во тимот се Зек Ледеј и Никола Миротиќ, кои поради разни околности, неодамна не се споија во Партизан, но се обединија во Милано. Сега тие сочинуваат дуо за кое се смета дека можеби е најдобро во Евролигата. Тука секако е и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
„Да се игра со Зек е навистина забавно. Отсекогаш мислев дека тоа би можело да функционира бидејќи се мотивираме еден со друг за да станеме уште поефикасни. Мислам дека ние двајцата сме најдобриот центарски тандем во Евролигата“, изјави Миротиќ по победата над Алба.
Ти Џеј Шортс со соиграчите од Париз на домашен терен го пречекува Макаби Тел Авив, а Асвел е домаќин на АЛБА. Најинтересен веројатно е дуелот меѓу Реал Мадрид и Олимпијакос, а за сите мечеви се подготвени квоти во Sport Life.
Покрај стандардната понуда, можете да одиграте и на индивидуалниот ефект на кошаркарите, на поени, на асистентии, на скокови, како и на тимскиот ефект – за постигнати тројки и фаули.