Кошаркарите на Будуќност му се реваншираа на Партизан и израмнија на 1-1 во финалната серија од Јадранската АБА лига. Белградските „црно-бели“ славеа со 88-94 на првиот меч во „Морача“, но вечерва се поразени со 84-73.
Мечот во Подгорица започна израмнето, а така и заврши првата четвртина, 16-16. Во вториот период доминација на Партизан и водство од 10 поени на полувремето, но домашните во второто полувреме не само што успеаја резултатски да се вратат, туку на крајот и да победат со двоцифрена разлика.
Двајцата кошаркари на Партизан, Браун и Џонс, беа најефикасни на мечот со по 16 поени, додека Омиќ од победничкиот состав уфрли еден поен помалку.
Финалната серија од АБА лигата сега се сели во Белград.