Партизан нема друга опција – мора да победи, одлична е понудата на Sport Life за игрите „плус-минус“ поени, скокови и асистенции (Фото)

Вечерва ќе се одиграат вкупно пет натпревари од кошаркарската Евролига за кои Sport Life подготви одлична понуда со по 154 комбинации.

Најинтересен ќе биде натпреварот кој ќе се игра во „Штарк арената“ во Белград, каде што Партизан нема опција, ако сака да остане во игра за плејофот, мора да го победи Баерн Минхен. Црно-белите загубија на последните два дуела во Евролигата и паднаа на 11-тото место на табелата со учинок од 12 победи и 13 порази. Далеку од десеттото место е Баерн Минхен, кој има само 10 победи во 25-те кола во Евролигата.

Кошаркарите на Партизан се свесни дека мора да победуваат и вечерва со поддршка од навивачите очекуваат да започнат победничка серија и да се вратат во игра за позициите кои носат пласман во плејофот. Квотата за Партизан да победи е 1.33, а одличен е и основниот хендикеп (7.5 поени) и победата на Црно-белите со осум или повеќе поени носи квота од 1.89.

Голем фаворит за победа пред своите гледачи е и Басконија, која го пречекува Асвел. Асвен заедно со Алба се најслаби екипи во Евролигата само со пет остварени победи досега, додека Басконија има 13-12 и победата и е импретив за скок на табелата и подобра позиција во плејофот.

Дербито на вечерта ќе се игра во Милано, каде што Армани ќе го пречека европскиот шампион Реал Мадрид, кој и годинава е главен фаворити за титулата. Квотите ги фаворизираат Кралевите, како и Анадолу Ефес, кој игра против Макаби Тел Авив.
Најнеизвесно се очекува да биде на дуелот меѓу Валенсија и Олимпијакос, каде што грчкиот тим е благ фаворит.

Богата понуда има и кај кошаркарите за најпопуларната игра „плус-минус“ поени, има дури 48-мина кошаркари за оваа игра, а 24-рица се за играта „плус-минус“ скокови, додека за 19-мина кошаркари може да погодувате колку асистенции ќе остварат.

- Оглас -

Најнови вести