Кошаркарите на Партизан во „Штарк арената“ во Белград го пречекуваат Жалгирис во рамките на 23-тото коло во Евролигата и немаат право на кикс. Црно-белите се наоѓаат на делба на десеттото место, последно кое води во плејофот, со учинок од 11 победи и 11 порази.
Партизан речиси секогаш кога игра пред своите навивачи, е фаворит за победа, така е и за денешниот дуел и квотата за триумф изнесува 1.32 против тимот кој има осум триумфи досега. Дополнителен мотив за Црно-белите е враќањето на најдобриот играч Кевин Пантер, кој закрепна од повредата и се очекува да биде дел од тимот.
И на останатите три натпревари кои се играат вечерва, домаќините се фаворити. Анадолу Ефес, кој врза две победи во низа, го пречекува Монако, Басконија во шпанската пресметка игра против Валенсија, а Армани Милано во дербито на денот игра против Барселона.
Во богатата понуда на Sport Life има голем избор на игри за натпреварите од кошаркарската Евролига. За играта „плус-минус“ на поени има понуда од 39-мина кошаркари, како и 16-мина кошаркари за бројот на асистенции.