Партизан носи ново големо засилување и тоа од НБА

Жешко лето има во кошаркарскиот клуб на Партизан. Некогашниот европски првак најави враќање на славните европски патеки откако на клупата по речиси три децении, повторно го донесе Жељко Обрадовиќ. Во историската 1992 година, Партизан со Обрадовиќ на клупата стигна до европската титула, а сега целите повторно се европски успех.

По доаѓањето на Обрадовиќ, Партизан во играчкиот состав ги доведе Кевин Пантер, Зак Ледеј, Алекса Аврамовиќ и Родионс Куруцс. Според најавите, во најското време, црно-белиот дрес треба да го облече и уште еден докажан кошаркар.

Се работи за искусниот НБА центар Ед Дејвис. Овој 32-годишен кошаркар во минатата сезона го носеше дресот на Минесота Тимбервулфс и имаше просек од два поени и пет скока по меч.

Дејвис има 11-годишно НБА искуство и има играно за Торонто, ЛА Лејкерс, Портланд, Њу Џерси нетс и Јута џез, па сигурно ќе биде големо засилување за Партизан. Вкупно во НБА кариерата има просек од 6,2 поени и 6,6 скока по натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести