Барселона го совлада Партизан со 94-76 и го задржа второто место на евролигашката табела, додека на Црно-белите им претстои жестока битка за пласман меѓу десетте најдобри и учество во плејофот.
Традиција е Барса да го победува Партизан, српскиот тим од 2007 година наваму нема победа над Каталонците. Црно-белите на тренерот Жељко Обрадовиќ, благодарение на Аврамовиќ, се држеа три четвртини, но во последната постигнаа само 8 поени и претрпеа убедлив пораз.