Партизан победи, Малатија даде гол за надеж

Партизан победи со 2:1 против Јени Малатија и ќе има предност пред реваншот во Турција, но и гостите не се без шанси пред реваншот на свој терен.

Во првиот циклус што Малатија го игра во еврокуповите, Адис Јаховиќ и соиграчите ќе мораат во реваншот да победат најмалку со два гола разлика, но и да не примат повеќе од еден гол.

Првиот меч почна одлично за Партизан, а Умар Садик погоди за 1:0 во четвртата минута. Јапонецот Такума Асано во првиот меч за Партизан постигна гол за предност од 2:0, но потоа Малатија стапи на сцена и со погодокот на Шебаке го намали резултатот. Конечните 3:1 за Партизан ги постигна со гол од пенал Сејдуба Сума во самиот финиш на мечот.

Јаховиќ го одигра целиот меч за Малатија во Белград.

Очекувани и убедливи победи забележаа и Еспањол против Луцерн на гости со 3:0 и Торино на домашен терен со Солигорск со 5:0. Легија во Варшава не успеа да го скрши отпорот на Атромитос, па реваншот во Грција ќе почне со 0:0.

- Оглас -

Најнови вести