Белградски Партизан со победата од 2-0 на гостувањето кај Напредак во Крушевац, изби на чело на табелата во српската Суперлига со два бода пред ТСЦ и четири пред ривалот Црвена ѕвезда.
Тренерот на Црно-белите, Игор Дуљај, после мечот во Крушевац, даде изјава која стана хит во регионот.
„Би сакал да им честитам на младоженците кои правеа свадба тука покрај нас, во ресторанот на стадионот. Музиката навистина беше гласна, нека се здрави и живи, им посакувам многу среќа“ – рече Дуљај.