9.8 C
Skopje
четврток, 4 декември 2025

Партизан победи во првиот меч без Обрадовиќ на клупата, но легендарниот тренер повторно беше главен

Партизан го победи Баерн Минхен со 92:85 во меч од 14. коло на кошаркарската Евролига. Дуелот во „Арена“ во Белград беше во фокусот, затоа што ова беше прв меч за Партизан по оставката на легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ.

Иако Обрадовиќ не беше во салата, навивачите на Партизан постојано го скандираа неговото име, а имаше и многу транспаренти со ликот на легендарниот тренер, како и пароли на кои пишуваше „Сите ние сме Жељко Обрадовиќ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)

Од спортскиот дел, Партизан одигра слабо во првото полувреме, па гостите водеа со 43:37. Во третата четвртина Партизан блесна. Домашните кошаркари оваа четвртина ја добија со убедливи 28:15, а потоа до крајот на мечот ја сочуваа предноста и стигнаа до петата победа во 14 меча.

Вечерва имаше и еден историски меч на кој Монако со 125:104 го победи Париз. Тие 125 поени се рекорд за еден тим во Евролигата во меч на кој немало продолжение. Претходниот рекорд беше 123 поени постигнати од Макаби Тел Авив на меч против Скаволини во далечната 2004 година.

Апсолутниот рекорд по број на постигнати поени го држи Реал Мадрид кој славеше со 130:126 над Ефес Пилсен во 2024 година, во меч кој имаше дури три продолженија.

- Оглас -

Најнови вести