Партизан почна да реди победи во Евролигата

Партизан предводен од Кевин Пантер, кој даде 26 поени за 19 и пол минути игра, во Белград го надигра Жалгирис со 87-76 и дојде до својата втора победа по ред во кошаркарската Евролига.

Сега Црно-белите се на 2-3, колку што има и еден Реал Мадрид. Кралскиот клуб кој има пад во формата, вечерва дома загуби од Виртус Болоња со 92-95.

Прв пораз сезонава претрпе Олимпијакос, кој загуби од Монако со 76-81, па сега Фенербахче е единствен тим без пораз. Фенер има 4-0, а утре игра градско дерби со европскиот првак Анадолу Ефес.

Победа немаат само Баерн Минхен и Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести