Партизан подготвува трансфер-бомба, носи засилување од НБА-лигата?

Шампионот на АБА-лигата, Партизан, за следната сезона, во која ќе атакува и на фајналфор турнирот во Евролигата, сака да се засили со ветеран од НБА-лигата кој има повеќе 780 натпревари во најсилната кошаркарска лига на светот.

Станува збор за Теренс Рос, кој моментно се наоѓа на листата на слободни играчи, а минатата сезона играше за Феникс санс.

Рос повеќе од 10 години настапува во НБА-лигата и има играно за Торонто, Орландо и Феникс и има просек од 11 поени по натпревар.

Според медиумите, желбата на Рос е да остане во НБА-лигата, но доколку не најде тим, нема да биде изненадување доколку ја прифати понудата на Партизан.

- Оглас -

Најнови вести