После четири години и неколку месеци, во Аеродром, во Скопје, во Македонија, повторно ќе се игра натпревар од регионалната АБА лига, и тоа гостува големиот Партизан предводен од славниот тренер Жељко Обрадовиќ.
Металците дома во АБА лигата имаат скор 3-3 против Партизан, белградските Црно-бели беа поразени на нивното последно гостување во „Јане Сандански“ пред пет години, но тогаш беа во криза и некомплетни, сега се евролигаши, ги води најтрофејниот европски тренер, и затоа важат за фаворити.
И Обрадовиќ има пораз во Аеродром како тренер на Реал Мадрид пред 26 години, тогаш во старата сала „Јане Сандански“.
Во Sport Life, квотата за победа на Партизан е само 1.08, а за МЗТ е 8.75. Хендикеп границата е на 15,5 поени.
„За нас ова е голем предизвик, на гости ни доаѓа евролигашки тим со голем буџет, предводен од најдобриот европски тренер. Се надевам дека енергетски ќе бидеме на потребното ниво. Верувам дека ќе одиграме добро, ако ни се укаже шанса, ќе пробаме да го изненадиме фаворитот. Ова е меч во кој нема што да загубиме, може само да добиеме, без разлика на крајниот исход“ – изјави тренерот на МЗТ, Александар Петровиќ, пред мечот кој почнува во необичен термин од 16 часот.
Можеби ќе сакате да се обложите на број на поени на некои од кошаркарите на МЗТ. Во Sport Life опциите се Кафи, Миќовиќ и Војдан Стојановски. Хендикеп границата кај капитенот на македонската репрезентација е 12,5 поени.