27.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Партизан потпиша со најскапиот играч во историјата на српската кошарка

По враќањето на Жељко Обрадовиќ на клупата на Партизан, челниците на „црно-белите“ решија да донесат и квалитетни засилувања за новата сезона. Прв на листата се најде Кевин Пантер, кој со потписот за Партизан, стана најскапиот играч во историјата на кошаркарската лига на Србија.

Според пишувањата, Пантер кој е некогашен играч на Црвена ѕвезда, сега во Партизан се обврза на двегодишен договор, според кој ќе заработи три милиони долари, односно милион и пол долари по сезона.

Пантер имаше одлична сезона во Олимпија Милано, каде во 36 меча во Евролигата имаше просек од 14,3 поени по меч и беше најдобар стрелец и играч во клубот кој стигна и до фајнл-фор завршницата. Во првенството на Италија, Пантер имаше просек од 10,1 поени по меч.

 

- Оглас -

Најнови вести