Фудбалерите на Црвена ѕвезда го искористија и вториот кикс на Партизан, па откако минатото коло се вратија на врвот, сега ја зголемија предноста на +4 во однос на лутиот ривал.
„Црно-белите“ одиграа само 1-1 на гостувањето кај Младост Лучани, а Црвена ѕвезда со убедливи 5-0 го декласираа Раднички од Крагуевац. Победникот беше решен уште после првиот дел, кога „црвено-белите“ имаа предност од 2-0, а во вториот дел до врв ја наполнија мрежата на противникот и покажаа зошто се неприкосновени во српскиот фудбал последниве години.