Партизан на убедлив начин го победи Асвел Вилербан со 92-71 во дуел од Евролигата во кошарка и ја прекина мини-серијата на тимот од Лион од две победи по ред.
Белградските Црно-бели доминираа во првите три четвртини, а малку попуштија во нападот во финишот, па затоа не постигнаа 100 поени како против Монако, кога најавија дека им лежат француските ривали, барем на мечевите во Белград.
По 22 кола, Партизан, кој се бори за влез во плејофот, има биланс 11-11 и сега е пред Црвена ѕвезда, која има 10-11, а во моментов губи од Виртус Болоња и веројатно ќе биде на 10-12.