Партизан пред 18.000 дечиња одигра нерешено со Словачко, но си обезбеди европска пролет

Фудбалерите на Партизан се пласираа во нокаут-фазата од Конференциската лига бидејќи ремизираа 1:1 со Словачко во последниот натпревар од групата Д пред 18.000 дечиња во Белград. Црно-белите беа казнети од УЕФА поради пиротехничкото шоу на Гробарите на претходниот натпревар во Белград, но Европската куќа на фудбалот им дозволи вечерва да играат пред дечиња.

Партизан го освои второто место со девет бода, колку што има Ница и идната година ќе играат во плејофот, а противник ќе им биде една од екипите кои испаднаа од Лигата на Европа.

Во дуелот со Словачко, Црно-белите поведоа со голот на Нато од пенал во 40-тата минута, а израмнувачкиот гол го постигна Малик во 73-тата минута.

Во вториот натпревар во групата Д, Келн и Ница одиграа 2:2, па францускиот клуб го освои првото место на табелата и директен пласман во осминафиналето.

Англискиот премиерлигаш Вест хем е единствениот тим во Конференциската лига со максимачен учинок, односно шест победи во шест меча. Чеканите вечерва славеа со 3:0 на гостувањето кај ФЦСБ и на перфектен начин ги завршија настапите во групата Б. Најубедливите победи во последното коло ги остварија Хапоел Бер Шива и Гент, кои славеа со 4:0 над Австрија Виена и Молде.

- Оглас -

Најнови вести