Партизан пред невозможна мисија во Барселона, Црвена ѕвезда верува во победа, во Атина ќе „гори“

Шест меча се играат денеска во рамките од 29-тото коло на кошаркарската Евролига, а според коефициентите, на пет од нив поголеми шанси за победа имаат домаќините. Барселона е домаќин на Партизан, а српскиот тим е под притисок да го брка 10-тото место на табелата, последно кое води во плејофот и борба за четвртфинале.

Црвена ѕвезда дома игра против Макаби Тел Авив, а традицијата вели дека Црвено-белите се фаворити затоа што во последните седум средби со овој ривал, српскиот првак има шест победи, а единствениот пораз го има во дуел кој имаше продолжение.

Монако е единствениот гостински тим кој е фаворит, и тоа на гости кај АЛБА во Берлин. Секогаш е интересно кога се игра атинското дерби меѓу Олимпијакос и Панатинаикос.

Во денешната понуда има и над 55-мина кошаркари за играта „плус-минус“ на поени, а тука е и понудата за тоа колку асистенции или скокови ќе имаат дел од оние играчи кои ќе бидат вечерва на паркетот во средбите од Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести