Кошаркарите на Партизан доживеа нов пораз, десетти пораз во Евролигата иако во втората четвртина имаше предност од 17 поени (19:36) против Фенербахче.
На крајот, турскиот тим славеше со 91:76.
Црно-белите одлично го започнаа натпреварот, постигнаа дури 31 поен во првата четвртина која ја добија со 19:31, а во втората четвртина поведоа и со 19:36, но потоа почна падот.
Фенербахче до паузата успеа да дојде до 43:48, за во третата четвртина благодарение на одличниот шут за три поени, да ги сврти работите во своја корист добивајќи го овој период со 25:16. Во последната четвртина, турскиот тим го дотолчи Партизан, а во овој период посебно импресивна беше серијата 24:2.
На крајот Фенербахче славеше со 91:76 и ја оствари 12-та победа во 20-тиот меч во Евролигата, додека Партизан е на половичен ефект, има по 10 победи и порази.
Тајлер Дорси со 24 поени беше најдобар кај Фенербахче, додека во редовите на Партизан, Кевин Пантер даде 18 поени, од кои 15 даде во прввото полувреме.