15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Партизан сака од Ватфорд да донесе талент кој пее навивачки песни за Црвена ѕвезда (Видео)

Талентираниот српски фудбалер Филип Ступаревиќ, кој во 2019 година како 18-годишен потпиша за англиски Вaтфорд, повторно е во центарот на вниманието кај српските медиуми затоа што се појави снимка на која тој пее навивачка песна посветена на клубот Црвена ѕвезда. Тоа е интересно сега затоа што Ступаревиќ е пред потпис со најлутиот ривал на Ѕвезда, белградскиот Партизан.

Ступаревиќ играше за Вождовац, а потоа премина во Ватфорд, но таму не одигра ниту еден меч, туку го позајмуваа во Вождовац и чешкиот Прибрам. Ватфорд му должел девет плати на 20-годишниот Србин и тој планира да го раскине договорот. Најзаинтересиран за него е Партизан, кому не му пречи тоа што Филип во минатото се снимаше како пее навивачки песни за Ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести