6738 Партизан – Динамо Киев (20 ч.)
Динамо го реши Партизан со 6:2 на првиот меч и за српскиот тим остана само теорија. Токму затоа Црно-белите треба да тргнат отворено од самиот старт, што е најава дека и овој дуел треба да биде со многу погодоци.
Динамо и во Белград ја има улогата на фаворит, а и традицијата вели дека тимот од Киев ги добил сите претходни пет меча против Партизан, а во просек има над три гола на средба.
Предлог тип: ГГ3+ (1.86)
6740 Динамо Минск – Лудогорец (20:45 ч.)
Бугарскиот првак победи со 2:0 на првиот меч и сега рутински треба да го одработи реваншот за да се пласира во следната фаза од Лигата на шампиони. Динамо Минск игра затворено и со малку погодоци, а сличен е стилот на игра и на Лудогорец, па и овојпат не би требало да има многу погодоци.
Предлог тип: Х2&0-2 (2.26)
6741 Борац Бања Лука – ПАОК (21 ч.)
Возбудлив беше првиот дуел во Солун кога во првите 50 минути беа постигнати сите пет гол, а домаќините славеа со 3:2. Грчкиот тим ја има улогата на фаворит и ќе биде чудо да се случи Борац во чии редови на голот е македонскиот репрезентативец Шишковски, да оди понатаму.
Сепак, Борац бодрен од домашната публика сигурно ќе се обиде да напрви изненадување.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)
6744 Хакен – Дуделанж (19 ч.)
Шведскиот тим на првиот меч на гости беше убедлив и победи со 6:2, па сега пред своите навивачи само рутински треба да го прослави пласманот во следната фаза од Конференциската лига.
На последните 15 меча во сите натпреварувања што ги одигра Хакен, имаше барем три погодоци, а дури 11 пати било ГГ3+. Едноставно тука треба да има лесна и убедлива победа на домаќините.
Предлог тип: 1-1&4+ (2.17)
6745 Спартак Трнава – Сараево (20:30 ч.)
Немаше погодоци на првата средба во Сараево, а Спартак сега е во улога на фаворит и доволно е каквабило победа за да оди во следната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Нападот е слабата страна на тимот од Трнава, па во последните седум дуели што ги одигра, даде само три погодоци.
Овие два тима имаат играно и пред 15 години, а и тогаш двете средби завршиле со малку погодоци (1:0 за Сараево и 1:1 во реваншот во Трнава).
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.20)