Кошаркарскиот клуб Партизан е уникат во Европа. Тоа е клубот кој имаше најголем број на гледачи на свој терен во минатата сезона, а според актуелната ситуација и во новата сезона ќе „грми“ кога ќе играат Црно-белите.
Партизан потврди дека досега се продадени над 14.500 сезонски билети за мечевите кои ќе ги игра во „Штарк Арена“.
„Благодариме на сите оние кои одвоија пари да купат сезонски билети за нашите натпревари. Финансиската стабилност на која со години работиме во голема мерка зависи од приходите кои ги остваруваме. наскоро ќе ја известиме јавноста за многу убави работи кои се поврзани со работењето на клубот. Армијата на наши навивачи ни дава најголема сила“, порача претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ.
Hvala svima koji su izdvojili novac da kupe sezonske karte za naše utakmice! Finansijiska stabilizacija, na kojoj godinama radimo, u velikoj meri zavisi od prihoda koje ostvarujemo. Uskoro ćemo obavestiti javnost o jako lepim stvarima, a koje se tiču poslovanja Kluba. Armija… pic.twitter.com/GPhYcAKxBv
— Ostoja Mijailovic (@Ostoja1945) September 15, 2024
Партизан минатата сезона имаше неуспех во сите натпреварувања. Тимот не успеа да се пласира во во плејин на Евролигата, потоа остана и без трофеите во АБА лига и во српското првенство.