16.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Партизан стигна до продолженија, но на крајот беше елиминиран од Хибернијан

Српскиот претставник Партизан доживеа елиминација во третото квалификациско коло од Конференциската лига иако славеше на гости кај Хибернијан со 2-3 по продолженијата, но тоа не беше доволно да се надомести поразот од 0-2 од Белград.

Црно-белите доминираа во поголемиот дел од натпреварот, особено во првото полувреме, кога го контролираа текот на играта, но на крајот сепак се елиминирани.

Во 17-тата минута, Милан Вукотиќ постигна фантастичен гол од околу 25 метри, а несигурниот голман Смит не можеше да спречи водство за Партизан. Во 44-тата минута, Јован Милошевиќ со силен удар од центар ја смести топката под голманот, израмнувајќи го резултатот од Белград.

И во второто полувреме Партизан продолжи да ја контролира играта, но три минути ги чинеа скапо. Во 60-тата минута, Бови со спектакуларен гол донесе предност за домаќинот, а само три минути подоцна Никола Симиќ доби втор жолт картон за фаул и беше исклучен. Така Партизан заврши со еден играч помалку во двете средби против Шкотите.

И покрај тоа, Црно-белите продолжија да напаѓаат и резултатот им се исплати неколку мигови пред крајот, кога Андреј Костиќ го заврши атрактивниот напад со гол.

Во првото продолжение Партизан повторно беше офанзивен, имаше шанси, но прими наивен гол. Малиген мина по левата страна, влезе во шеснаесетникот и шутираше, а топката на патот кон голот закачи еден играч на Партизан. Голманот Милошевиќ успеа само да ја одбие, но најблиску беше Крис Каден, кој лесно ја смести во мрежата.

Јагиелонија одигра 2-2 против Силкеборг во реваншот на домашен терен, но со вкупни 3-2 обезбеди пласман во плеј-офот.

Иако првото полувреме му припадна на противникот, второто беше во корист на домашниот тим. Јагиелонија имаше водство од 2-0, но Силкеборг успеа да го намали резултатот, што сепак не беше доволно, бидејќи полскиот тим славеше и во првиот натпревар со 1-0.

Фудбалерите на Клаквик не успеаја да обезбедат пласман понатаму, откако по изведување пенали загубија од Неман. Натпреварот беше израмнет до 80-тата минута кога Неман постигна два гола за само четири минути, носејќи го мечот прво во продолженија, а потоа и на пенали. Еден промашен пенал го чинеше Класвик пласман во плеј-офот на квалификациите за Конференциската лига.

Останати резултати:

Шамрок – Балкани 4-0 (4-1)

Санта Клара – Ларне 0-0 (3-0)

Виртус – Милсами 3-0 (5-3)

Австрија Виена – Баник 1-1 (4-5)

Линфилд – Викингур 2-0 (3-2)

Спартак Трнава – Крајова 4-3 (4-6)

Динамо Сити – Хајдук 3-1 (4-3)

Егнатија – Олимпија Љубљана 2-4 (0-0)

- Оглас -

Најнови вести