Партизан три четвртини беше одличен, но на крајот беше шокиран во Белград (Видео)

Екипата на Партизан загуби на домашен терен од Олимпијакос со 74:69 и сега српскиот тим веќе не е во посакуваните Топ 10 на табелата во кошаркарската Евролига. Партизан остана на 14 победи од 32 средби, додека Ефес Пилсен победи и турскиот тим сега е десети на табелата со 15 победи.

Партизан има зошто да жали по мечот со Олимпијакос. Црно-белите во првите три четвртини играа одлично. По првите 10 минути домаќините водеа со 22:17, а на полувреме заминаа со осум предност (40:32). По завршување на третата четвртина, Партизан стигна и до највисоки 13 поени предност (59:46), но потоа следуваше неверојатен пад во играта.

https://twitter.com/i/status/1773439397905445315

Олимпијакос со серија од 12:0 во првите четири минути од последната четвртина, најавија дека се подготвени за голем пресврт и стигнаа до 59:58, а потоа стигнаа и до предност од 64:61. Партизан стигна до 69:69, но во решавачките минути гостите постигнаа пет поени и стигнаа до победа. Олимпијакос последната четвртина ја доби со 28:10 и стигна до 20 победа, доволно за петтото место на табелата.

Во останатите мечеви кои се играа вечерва: Жалгирис – Милано 87:73, Басконија – Анадолу Ефес 76:97, Баерн – Барселона 79:87.

 

- Оглас -

Најнови вести